Лампард го одбра својот најтежок противник!

Поранешниот играч за врска на Челси, Лампард откри за медиумите дека најтежок противник против кого играл бил Џерард.

Да потсетиме, Лампард играше 20 години во ПЛ, а за тоа време многу квалитетни фудбалери поминаа низ таа лига.

„Џерард беше најтежок ривал. Тој имаше се. Тој знаеше да се спротистави на притисокот со сите во одбраната и не даваше никој да помине понатаму.“

„Во Европа тоа беа Иниеста и Чави. Кога беа заедно во тимот, не можевте да им ја одземете топката.“

Во моментов Лампард е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Њу Јорк Сити.