Лампард одбил повик од Премиер лига – Едноставно мислам дека тоа не е добар потег за мене!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Челси, Френк Лампард на гостувањето во една телевизија изјави дека имал шанса да се врати ви ПЛ. Но не сакал да се одлучи на тој чекор.

Него медиумите го поврзуваа со Свонси во јануари, а тој ја потврди таа информација.

Него во Свонси го сакал Клемент кој работеше во Челси како асистент на Анчелоти.

„Клемент ме повика во Свонси. Имам многу почит кон него и тоа ме натера да размислам.“

„Тој одлично ми ја претстави својата идеја, но повторно играв многу години за најдобрите тимови во лигата. Толку многу време во Челси, а на крајот и во Сити. Не сакам никој да навредам, но тоа не беше вистински потег во тој период од мојата кариера.“

„Ова се случуваше во јануари, па така сега би можел повторно да тренирам, за да се вратам во форма. На Клемент му посакувам се најдобро, но тоа едноставно не беше најдобра опција за мене.“