Лампард: Јас во Челси? Соништата се едно, а реалноста е друго!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Челси, Френк Лампард кажа дека не размислува за преземање на „сините“ бидејќи уште нема доволно квалитети.

Екипата на Лампард, Дерби вечерва ќе игра против Челси во Лига Купот, а Англичанецот доби интересни прашања.

„Јас размислувам само за наредните натпревари. Ништо после тоа. Едно е да се сонува, а друго е реалноста. Тоа што ќе го направам во иднина многу зависи од тоа што го правам сега. Го почитувам Челси и работите кои ги направија за мене“, кажа Лампард.

Дерби во претходното коло го елиминираше Манчестер јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“.