Лајпциг спреми доста пари за да се засили од Премиер Лигата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Преодните рокови се завршени во Премиер Лигата и во Серја А, но тоа не значи дека не можат да се продадат играчи на клубовите каде трансфер-периодот сеуште не е завршен.

Лајпциг спремил навистина многу пари, значително повеќе од првиот обид да го доведе крилниот напаѓач на Евертон, Адемола Лукман.

Овој дваесетгодишен крилен напаѓач беше на познајмица во Лајпциг оваа година, а германците се задоволни од неговата игра па сега спремиле 22 милиони фунти како би го довеле во своите редови.

Јасно е дека ,,Карамелите” имаат фантастичен тим, доведоа одлични играчи во овој преоден рок, потрошија доста пари, па самиот Лукман е свесен дека за него практично и нема место во Евертон посебно кога ќе се погледне во потенцијалот кој тие го имаат во моментот.

Евертон во 2017 година го донесе Лукман од Чарлтон за 7.5 милиони фунти плус одредени бонуси, тие ја одбија првата понуда од Лајпциг за 12 милиони фунти за овој играч но оваа понуда е значително посериозна.

Додека беше на позајмица Лукман на 11 одиграни натпревари постигна дури 5 голови.