Левандовски збесна: Англиски гигант му нуди големо богатство, но Баерн не го пушта!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски не може да го напушти Баерн Минхен, со кој има договор, па поради тоа Полјакот се налути, но нема многу избор.

Англиски медиуми пишуваат дека Пини Захави ја договорил неговата плата со Манчестер Јунајтед, а таа е страшна и изнесува неверојатни 28 милиони евра годишно.

Доколку ја добие таа плата, Левандовски би бил на четврто место на листата со најплатени играчи во светот, но засега нема ништо од трансферот.

Жозе Мурињо верува дека може во Манчестер да играат заедно Левандовски и Ромелу Лукаку, но очигледно Баерн не сака да попушти.