Левандовски и официјално ќе побара да биде продаден

Како што пренесува весникот „АС“, Роберт Левандовски наскоро ќе побара Баерн Минхен да влезе во преговори за да го продаде играчот.

Според неодамнешните најави Левандовски е посакуван од Реал Мадрид и веројатно овој трансфер ќе се реализира во летниот преоден рок.

Баерн веќе скрои листа на потенцијални замени за Полјакот, а на врвот на истата се Единсон Кавани, Тимо Вернер и Алваро Мората.