Лев има предлог за унапредување на фудбалот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јоаким Лев, селекторот на Германија, ги поддржа воведувањето на неколку нови правила.

Откако легендарниот Ван Бастен предложи нови 5 правила, вклучувајќи тргнување на офсајдот, се огласи и Лев.

Тој го критикуваше тој предлог, но кажа и дека се согласува со некои други мислења.

„4-та измена би била добра работа. Или ако некој тактички направи прекршок, наместо да добие жолт картон, би било подобро да биде казнат со 10 минути.“

„За мене, фудбал без офсајд нема смисла. Јас цело време држам 2 фудбалери во противничкиот казнен простор,а верувам дека би го направиле тоа и други. Фудбалот би се претворил во ракомет. Со овој предлог би го изгубиле фудбалот кој го имаме сега.“