Легендарен фудбалер го допре дното: Пол Гаскоњ обвинет за сексуален напад!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ е обвинет за сексуален напад во еден воз од Јорк, пишува „Дејли Мејл“.

Инцидентот се случил на 20 август кога 51-годишниот Гаскоњ бил уапсен, откако „вознемирал и допирал жена“ во текот на патот во возот.

Затоа наредниот месец мора да се појави на Суд за да го објасни случајот.

Гаскоњ имаше многу проблеми со алкохолот и користењето на наркотици, а дури беше и на рехабилитација.

Во текот на кариерата играше за Њукасл, Тотнем, Лацио, Ренџерс, Евертон, додека за Англија настапи 57 пати и имаше 10 голови.