Легендарен фудбалер е нов тренер на Зволе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец од Холандија, Јап Стам најде нов тренерски ангажман, откако денеска го презема Зволе, кој се натпреварува во Ередивизие.

Стам на почетокот на тренерската кариера работеше како помошник во Зволе, а потоа го презема Ридинг, каде што доби отказ во март.

Инаку, Зволе во моментов е на 16. место на табелата со 15 освоени бода по 17 кола.

Стам екипата на трети јануари ќе ја води на тренинг-кампот во Шпанија, каде што се тимот патува на подготовки четврти пат по ред.