Легендарната Венус во третото коло на АО, таму ја чека Симона Халеп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постарата сестра Вилијамс денес се пласираше во третото коло на АО после победата над Ализе Корнет (WTA 46) и тоа со 2-1 во сетови.

Венус го освои првиот сет со 6-3, а потоа Французинката возрвати во продолжение, па вториот сет го доби со 6-4. Сепак, во преостанатиот период Американката покажа дека е подобра тенисерка и за само 26 минути го освои третиот сет со 6-0.

Во третото коло Венус ја чека занимлив дуел против првата тенисерка на светот Симона Халеп.

Инаку, Романката во истиот термин ја порази Американката Софија Кенин со 2-1 во сетови, а покажа дека моментално не е баш во најдобра форма, па Венус против неа би имала шанса.