Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Легендата на светскиот фудбал, Роналдињо преговара со нов клуб. Искусниот 36-годишен фудбалер во наредните денови би можел да стане член на Насионал.
Преговорите траат веќе 20-на денови, а тоа го потврди и претседателот на тој клуб, Родригез.
„Многу е тешко да го донесеме, се обидуваме и веќе 20 денови сме во преговори. Се обидуваме да добиеме спонзори за да ја олесниме работата.“
Роналдињо последниот клуб го напушти во 2015 година. Тогаш замина од Флуминенсе по 7 одиграни натпревари веќе долго време бара нов тим.
Се поврзуваше со многу клубови, а конечно би можел да најде.
Тој има играно за тимовите на ПСЖ, Барселона и Милан, а во редовите на Барселона ги покажа своите најдобри игри и 2 пати беше прогласен за најдобар играч во светот.