Легендарниот Кваљарела засилува италијански гигант!?

„Спорт Медиасет“ пишува дека напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела во јануари би можел да се пресели во Милано.

Кваљарела нема ништо против да го засили тимот на Џенаро Гатузо и подготвен е да биде трет избор на екипата зад Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне.

Овој 35-годишен член на Удинезе, Наполи и Јувентус сака договор до 2020 година. милан за сите фудбалери на 30 години има исти „правила“ – позајмица од шест месеци со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Кваљарела во досегашните 15 кола од Серија А постигна осум голови и пет асистенции.