Легендата на Атлетико ја доби понудата од соништата од Катар!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Габи, најверојатно ќе замине од Шпанија и ќе се пресели во Катар.

„АС“ пишува дека Габи ќе ја заврши кариерата во Катар, откако соопштил на управата дека сака да си замине од клубот. Екипата која го сака е Ал Сад, а Габи би требало да добие тригодишен договор со годишна плата од 19 милиони евра.

Сумата за која ќе замине од Атлетико Мадрид во Ал Сад уште не е позната, но според првичните информации, ќе биде платен три милиони евра.

Сепак, Атлетико претходно обезбеди замена за него, откако го ангажираше Родри за 20 милиони евра од Вилјареал.

Габи играше во Атлетико на 413 натпревари во сите натпреварувања и притоа освои шест трофeи.