Легендата на Реал пред заминување: Понуда која ќе го направи еден од најскапите дефанзивци

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо спреми 42 милиони фунти (речиси 50 милиони евра) за трансфер на капитенот на Ресал Серхио Рамос во јануари, пренесуваат португалските и британските медиуми.

    Како што се наведува, Мурињо после три врзани порази е свесен дека мора да ја засили одбраната и изборот падна на 30-годишниот шпански репрезентативец со кој соработуваа додека го водеше Реал.

    Рамос, во тој случај, ќе стане трет најскап дефанзива во историјата, после Давид Луиз и Џон Стонс, пишува Танјуг.

    Тој во Реал стигна во 2005 година од Севиља и освои 12 трофеи, вклучувајќи две Лига на шампиони и три Примера.

    Со селекцијата на Шпанија, за која одигра 138 натпревари, беше шампион на светот во 2010 година и шампион на Европа во 2008 и 2012 година.