Легендата на Реал со изненадувачки став: За мене Меси е природен фудбалер и може да се спореди со Роналдо…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу играчи и тренери дадоа свое мислење за тоа дали е подобар Меси или Роналдо.

Некогашниот селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Висенте Дел Боске даде свое мислење за таа дилема, па го избра играчот на Барселона за кој смета дека поседува неверојатни играчки квалитети.

Пред Лука Модриќ минатата година да ја освои Златната топка, Лео Меси и Кристијано Роналдо изминатите десет години ја освојуваа оваа награда и секој играч ја освои по пет пати.

Обајцата остварија големи индивидуални и тимски достигнувања, поставија рекорди и со своите игри и потези ја воодуешвија публиката.

Така Меси го воодушеви и Дел Боске кој го одбра Аргентинецот откако му беше поставено прашањето кому би му дал предност од овие двајца играчи.

„Меси речиси секогаш игра добро, тој е голем играч“, истакна Дел Боске за шпански Мундо Депортиво.

„Останувам за Меси, гледам природен играч кој во своето соседство играше фудбалер со пријателите на улица. Од друга страна, Кристијано има извонредна храброст и физички и технички карактеристики како фантастичен напаѓач, но останувам сепак за Меси“, додаде Дел Боске.