Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е повторно кандидат за тренер на Свонси. Тие во вторникот го отпуштија Боб Бредли по 3 месеци соработка.
Свонси е на делба на последната позиција во ПЛ со Хал со по 12 бодови, а под водство на Бредли тие беа поразени 7 пати во 11 натпревари, а последниот дуел заврши со пораз од Вест Хем од 4:1.
Гигс беше кандидат за Свонси и во септември, тогаш имаше 2 пати преговори, но сепак Американецот ја доби работата.
Поранешното крило на Јунајтед во последните сезони беше асистент на Олд Трафорд, прво на Дејвид Мојс, а потоа на Луј Ван Гал, но го напушти тимот по доаѓањето на Мурињо.
Свонси наредниот натпревар го игра во сабота, во последниот ден од 2016 година против Бурнмут.