Легендата си го кажа своето мислење: Постојат три шампиони – Буфон, Игуаин и Пјаниќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Касано повторно ја изненади јавноста на Апенините, затоа што потврди дека планира да се врати на играњето на фудбал, па се надева дека во наредните недели ќе најде нов клуб.

Тој сака да се врати на теренот и мисли дека во Италија во моментот нема доволно квалитетни фудбалер, освен три вистински шампиони.

Касано на крајот на минатата сезона направи голема драма откако потпиша за Верона и само неколку денови подоцна објави дека оди во пензија. Меѓутоа, овој 35-годишен напаѓач верува дека може да игра и дека се наоѓа во добра форма.

„Се чувствувам како фудбалер затоа што тренирам секој ден, но сеуште не добив понуди какви што посакувам. Подготвен сум да заиграм повторно и чекам вистинска понуда. Во Серија А постојат само три шампиони, а тоа се Буфон, Игуаин и Пјаниќ“, вели Касано.