Легендата ја превзема репрезентацијата на Холандија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите објавија дека Руд Гулит е кандидат за клупата на Холандија.

Легендарниот играч за врска на Милан е без работа, откако во 2011 година доби отказ од Терек, а според медиумите е еден од 3-те можни кандидати за ова тренерско место.

Освен него, за таа позиција во конкуренција е Хенк тен Кате и Роџерс Шмит.

Гулит, да потсетиме, освен Терек го водеше и Галакси, Фејенорд и Њукасл.

Доколку добие шанса да ја води Холандија, тој ќе го замени Блинд кој доби отказ по лошите резултати.