„Л’Екип“: ПСЖ пазарува на „Енфилд“ – прво позајмица, па ќе ја откупи ѕвездата на Ливерпул!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул за 45 милиони евра го купи Фабињо од Монако, а тој вети дека еден ден ќе се обиде да го убеди и Килијан Мбапе да пристигне на „Енфилд“.

Меѓутоа, деновиве се поставува прашањето колку Бразилецот ќе остане на „Енфилд“ бидејќи е во втор план кај Јирген Клоп.

А, дека може повторно да заигра во тандем со Мбапе, доказ е веста од „Л’Екип“, зашто наводно ПСЖ е подготвен да го ангажира зимава. И тоа како позајмен фудбалер, па во лето би го откупиле неговиот договор.

Дали француските медиуми повторно ја промашија темата, ќе дознаеме наскоро, но постои голема веројатност нивните шпекулации да се остварат.