Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Сандерленд го ангажираше Лескот.
Тој е добро познато име на фудбалската јавност. 34-годишниот стопер е без клуб од ноември кога ја прекина соработката со АЕК од Атина.
Само два месеци подоцна, Лескот доби понуда од Сандерленд и набрзо се договорија, а тој е првото јануарско засилување на Дејвид Мојс.
Лескот за Сандерленд би можел да дебитира против Кристал Палас наредната недела.
Во кариерата играше за Вулверхемптон, Евертон, Манчестер Сити, ВБА и Астон Вила.
Најголема трага остави во Сити, во чиј дрес одигра 107 натпревари и постигна 7 голови.