Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион на Англија екипата на Лестер на почетокот на новата сезона не пружа најдобри партии.
Тимот на Клаудио Раниери во минатата сезона го воодушеви светот со своите игри, со освојувањето на титулата шампион на Англија.
Сепак, во оваа сезона очекувањата се големи, но не оди баш најдобро.
Челниците на Лисиците се одлучија да доведат големо засилување во својот стручен штаб. Имено, денеска Лестер потпиша договор со некогашниот скаут на Ливерпул Едуардо Мациа.
Мациа во Редсите беше во времето на Рафа Бенитез, а во клубот стигнува наместо Стив Волш.
Овој скаут важи за еден од најдобрите во светот на фудбалот.
Мациа веќе соработуваше со Раниери во Валенсија, но најголема трага остави во Ливерпул.