Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул и Баерн Минхен ремизираа без голови во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Иако се очекуваше ефикасен дуел и многу голови, сепак гледачите не видоа ниту еден погодок на „Енфилд“ иако возбудувањата не изостанаа, барем не во првото полувреме.
Во првите 20 минути Баерн имаше две полушанси, а потоа Ливепрул се разбуди и до крајот на првиот дел опасно се закани кон голот на Ноер.
Салах со глава имаше одлична шанса во 24. минута, а десет минути подоцна Мане не реализира зицер од седум метри. Пет минути пред крајот на првиот дел Матип не реализираше одлична шанса за „Црвените“ па на пауза се замина со 0:0.
Во вториот дел темпото значително опадна, а нападите на Ливерпул беа без интензитет. Баварците свесно застанаа на својата половина и до крајот успеаја да го сочуваат резултатот.