Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул и Саутемптон ремизираа со 0:0 во дуелот од 36 коло од англиската Премиер лига.
Иако Редсите доминираа во овој дуел одличниот голман на Саутемптон Фрасер Форстер скина се што одеше кон неговиот гол и на крајот тој е најзаслужен за еден бод.
Создаваше тимот на Јирген Клоп шанси.
Имаше неколку навистина одлични шанси, а најдобрата ја пропуштија во 66 минута.
Досуден е пенал после што Џек Стефенс играше со рака, а топката ја зеде Џејмс Милнер, но Форстер го одбрани неговиот удар.
До крајот на мечот целосна доминација на Ливерпул.
Меѓутоа, до гол едноставно не можеа да дојдат покрај чудниот Форстер и на крајот мечот е завршен без победник, 0:0.
Ова реми на Ливерпул дополнително им ја загрози третата позиција.
Сити има еден бод помалку и натпревар помалку, а тука е и Манчестер Јунајтед кој има и два натпревари помалку.