Ливерпул му ја краде трансфер метата на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Англија, од Ливерпул се самоуверени дека ќе успеат да ги победат Манчестер Јунајтед и Арсенал во трката за фудбалерот на Наполи, Жоргињо.

26 годишниот италијански интернационалец на „Енфилд“ би стигнал како замена за Емре Чан кој се поизвесно ќе ја продолжи кариерата во редовите на Јувентус.

Од Манчестер Јунајтед пак го идентификувале Жоргињо како потенцијална замена за Мајкл Керик кој ќе се пензионира по крајот на оваа сезона.

Сепак, Дејли Мирор пишува дека Ливерпул засега е во блага предност во однос на „црвените ѓаволи“.