Ливерпул посакува германски репрезентативец

Медиумите во Германија пренесуваат дека од редовите на Ливерпул се заинтересирани во своите редови да го донесат 25 годишниот Матијас Гинтер.

Играчот од одбраната помина три сезони во Борусија Дортмунд, а оваа сезона игра одлично во тимот на Мехенгладбах.

Гинтер кој во кариерата има 25 настапи за германската репрезентација, оваа сезона е редовен во Борусија Мехенгладбах каде на 21 натпревар успеал да запише еден погодок.

Фудбалерот кој работеше под палката на Клоп во Дортмунд ќе го чини Ливерпул околу 30 милиони фунти.