Ливерпул спреми понуда од 45 милиони евра за играч кој го продаде за милион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп е во потрага по засилување во јануарскиот преоден рок кое би донело на неговиот тим потреден „стимул“ во нападот на титулата во Англија.

Како потенцијални засилувањата се споменуваат Торган Азар, но и крилниот фудбалер на Милан, Сусо.

Инаку Сусо како тинејџер пристигна во академијата на Ливерпул, дојде до првиот тим, но запиша и 21 настап за дресот на Редсите пред да го напушти Енфилд и замина на Сан Сиро.

Во Ливерпул не го препознаа талентот на Сусо, па го продадоа на Милан во 2015. година за нешто повеќе од милион евра.

Оваа сезона конечно Сусо заигра како што знае и умее, па во 15 настапи за Росонерите во Серија А постигна четири гола и запиша осум асистенции.

Добрите игри на Сусо ги поттикна челниците на Ливерпул да пробаат да го вратат, а Liga financial шпекулира дека Редсите се спремни да понудат 45 милиони евра за 25 годишниот Сусо, само три години отако го продадоа на Милан за нешто повеќе од 1 милион евра.