Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За засилувањата на Ливерпул се пишува секој ден, ова се речиси сите денешни шпекулации кои што можевме да ги пронајдеме во англиските медиуми.
Јирген Клоп сака висок пласман во оваа сезона со Ливерпул, но би се рекло дека сепак цел е влез меѓу четирите екипи и пласман во Лигата на шампионите.
Ќе биде многу неизвесно до самиот крај, конкуренцијата е исклучителна силна, а Ливерпул има проблеми со повредите на фудбалерите, како и со фактот дека Садио Мане наскоро патува на Африканскиот куп на Нациите.
Поради тоа, треба да се очекуваат засилувања, дури и Јирген Клоп потврди дека ќе размисли за доведување на напаѓач или крилен играч.
Од моментот кога тоа го рече, почнаа шпекулациите на медиумите, а после што во претходниот месец поминаа имиња како Промс, Пулишиц, и останати, денеска нови шпекулации.
Да почнеме со Раул Хименез, фудбалер на Бенфика кој игра на позиција напаѓач.
Има 25 години, неговата вредност е околу 22 милиони, а далеку пореално е тој да стигне во Ливерпул на крајот на оваа сезона отколку во јануарскиот преоден рок.
Оваа информација ни ја донесе популарниот сајт „Скавка“.
Емил Форсберг е нов фудбалер кој се поврзува со Ливерпул.
„Веќе имав неколку состаноци во врска со трансфер на Емил Форсберг“, рече неговиот менаџер Хасан Четинкаја.
Се работи за одличниот фудбалер на Лајпцип, момчето од Шведска кој просто “експлоадираше“ во оваа сезона.
Има 25 години, вредноста му е околу 20 милиони фунти.
Постојат и локални медиуми во Ливерпул кои го преселуваат Џејкоб Марфи од Норвич во Ливерпул и Евертон, а наводно за 21-годишниот крилен фудбалер заинтересиран и Тотенхем.
Филип Костиќ наводно се наоѓа на мета на Јирген Клоп. Крагуевчанецот е претставен во Индепендент како некој кој го нарекуваат “српскиот Герет Бејл“, а се наведува и тоа дека Ливерпул е најблиску во овој јануарски трансфер.
Истотака, се верува дека со доаѓањето на Филип Костиќ, или било кој друг од неведените фудбалери, Лазар Марковиќ би бил и дефинитивно продаден на крајот на оваа сезона.
Нормално, во Ливерпул се зборува и за продавања, а прв на тапет е Мамеду Сако кој го бара клуб, но сеуште ништо не е решено.
Покрај него, заминува и Кевин Стјуарт, поради тоа што постојат голем број на клубови кои се интересираат за него.
Свосни, Њукасл, Астон Вила и Брајтон се екипите кои сакаат да го видат овој 23-годишен играч за врска во своите редови.