Лигата на шампионите ќе добие нов владетел, Реал понижен на „Бернабе“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Ајакс креираше вистинска сензација откако вечерва буквално го „здроби“ Реал Мадрид на гостински терен со 1:4.

По седум минути игра Ајакс стигна до водство преку Хаким Зијеч. Реал уште не се опоррави од почетниот шок кога стигна и вториот погодок кој беше дело на Нерес на кој му претходеше неверојатна акција на Душан Тадиќ.

Во 62. минута видовме уште еден гол на Ајакс кој го најави падот на Реал Мадрид. Душан Тадиќ ја заокружи блескавата партија со феноменален гол за 4:0.

Во 70. минута Асенсио ја врати надежта на Реал, но само две минути Шоне го постави конечниот резултат со мајсторски погодок.

На „Сигнал Идуна Парк“ пак немаше многу драма и возбудување. Тотенхем победи и на вториот меѓусебен натпревар со 1:0, а стрелец на голот беше Хари Кејн.