Лилард и Антетокунпо се најдобри во март!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако некој заслужи награда за најдобар кошаркар во минатиот месец, тоа е Лилард.

Поради одличните игри во март, тој е најдобар играч во месецот на Запад додека на Исток е Антетокунпо.

Портланд имаше резултат од 13-3 во март и токму одличната серија ги донесе на чекор до плеј-оф. Лилард постигнуваше по 29.1 поен по натпревар, а во просек имаеш и 6 асистенции, 4.4 скокови и 1.44 украдени топки по натпревар.

Што се однесува до Антетокунпо, тој му помогна на својот тим да стигне до 14 победи во 18 натпревари. Во просек постигнува 22.4 поени, 8.4 скокови, 4.8 асистенции и 1.78 блокади.