Листата со засилувања на Милан – Проблемот е од „математичката“ природа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е амбициозен список за лето, но не  е јасно како со овој буџет ќе може да ги донесат споменатите играчи.

Како што зборувавме, парите се префрлаат на сметката на Берлускони, па кинеската компанија во наредните 10-на денови ќе станат официјален сопственик на Милан.

Тие најавија 120 милиони евра влог во летниот преоден рок.

Наводно е направена листа на засилувања, иако кога ќе ги погледнете имињата, тешко може да се поверува дека овие пари ќе можат да ги донесат следниве фудбалери.

Прва мета е Обамејанг кој во минатото време беше во Милан како младинец, но никогаш не доби шанса.

Неговата цена нема да биде помала од 80 милиони евра, а го сака него и Реал, но и Сити.

Следи Корентин Толисо, играч на Лион, за кого Јуве има намера да плати 40 милиони евра.

Поточно, понудата беше испратена во јануари, но ја одбија затоа што не можеа да најдат замена.

Освен овие два фудбалери, на мета е Луиз Густаво, како и Кеита Балде кој не сака да го продолжи договорот со Лацио и Лотито, но сигурно нема да биде неговата цена помала од 25 милиони евра.

Покрај овие 4 фудбалери, Милан го сака и Фабрегас, а нови договори ќе им бидат понудени на Донарума и Сусо.

Сепак, тешко може да се верува дека со овој буџет ќе може да ги донесат овие фудбалери.