Луда тројка на Теодосиќ! (Видео)

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ постигна неверојатна тројка на натпреварот против Барселона.

Најдобриот играч на ЦСКА при истекувањето на првата четвртина на интересен начин постигна три поени и тоа беше фаулиран.

Инаку ЦСКА славеше со 85:61.