Лудило го „тресе“ Мадрид: Дури 150.000 барања за карти за Суперкласико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суперкласико ќе се одигра наредната недела од 20.30 часот на „Сантијаго бернабеу“ помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, па поради тоа лудило го „тресе“ Мадрид.

Дуелот за шампион на Јужна Америка требаше да се одигра минатата сабота на „Монументал“, но навивчаите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери.

По неколку одложувања на натпреварот, КОНМЕБОЛ се договори со Шпанскиот фудбалски сојуз да се организира Суперкласико во Мадрид.

За помалку од 24 часа стигнале преку 150.000 барања за влезници за дуелот, па со таа бројка би можеле да се наполнат два стадиона колку „Сантијаго бернабеу“.

Најмногу барања има од Аргентинци кои живеат во Шпанија, односно таму ги има над 70.000, па логично е да ја искористат шансата да го погледнат својот омилен тим.