Лудница во Англија, а Санчез е на „слатки маки“!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Манчестер Сити нема да се бори за Алексис Санчез, но трансферот на Јунајтед по се изгледа дека ќе му го расипе Челси.

Иако беше скоро сигурно дека Чилеанецот ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, сепак Конте реши да му направи проблеми на Мурињо и ќе се обиде да го добие неговиот потпис.

Наводно, Челси е подготвен да понуди повеќе пари од Манчестер Јунајтед, па се зборува дека тоа ќе биде сума поголема од 70-80 милиони евра.