Луд натпревар на „Сигнал Идуна Парк“: Дортмунд и Хофенхајм ремизираа во натпревар со шест погодоци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 15:30 часот беа одиграни пет натпревари во рамките од 21. коло од германската Бундеслига на кои беа постигнати 17 погодоци.

Најмногу внимание привлече натпреварот меѓу лидерот Борусија Дортмунд кој беше домаќин на незгодниот Хофенхајм. Играчите на Фавре беа немилосрдни кон гостинскиот тим и по 67. минути имаа предност од 3:0, и речиси сите мислеа дека натпреварот е завршен.

Сепак, надежта не умре во таборот на Хофенхајм, па со три погодоци до крајот на натпреварот се вратија и успеаја да освојат еден бод од тешкото гостување.

Интересен натпревар одиграа и Фрајбург и Волфсбург кои ремизираа со истиот резултат како средбата во Дортмунд. Херта со неверојатни 3:0 славеше на гостувањето кај Борусија Мехенгладбах, па слободно може да се каже дека овие резултати и тоа како му годеа на тимот на Баерн Минхен кој добива прилика вечер опасно да се доближи до врвот.