Луис Суарез го кани Погба во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез е вториот играч на Барселона кој јавно го повика Пол Погба да направи трансфер на „Камп Ноу“.

Пред неколку дена Жерар Пике истакна дека би бил среќен доколку Французинот се пресели во Каталонија, а сега неговиот соиграч Суарез истакна дека Погба е играч кој заслужува да игра во тим кој е кандидат за сите трофеи.

„Погба е елитен играч кој освоил се. Тој има големи квалитети и е еден од препознатливите белези на Манчестер Јунајтед. Мислам дека би сакал да игра на повисоко ниво во овој момент. Тој не припаѓа на Барселона, но секогаш ќе биде добредојден овде“- коментираше Суарез.