Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ оваа година конечно го доби официјалното признание за она што го прави години наназад на фудбалските терени многу успешно.
Тој вчера беше прогласен за најдобар играч во Европа, а само месец и пол порано беше прогласен и за најдобар играч на Мундијалот во Русија.
Лука на овој начин стана прв фудбалер после Роналдо во 1998. година кога во една година успеа да ги освои овие две награди. Да потсетиме, и Роналдо како и Модриќ изгуби во финалето на Мундијалот од Франција.
Секако, останува можноста Лука да го добие и третото признание она најважното, Златна топка за најдобар играч во светот. Овде повторно конкуренти ќе му бидат Салах и Роналдо, а наградата ќе биде доделена во Јануари наредната година.