Лука Модриќ рече „да“ на Интер!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Последните неколку дена се почесто се зборува како најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија ќе ја промени средината и ќе премине во Интер.

Calcionews24 пренесе дека Модриќ се согласил на трансфер и дека утре планира да му го соопшто тоа на Перез. Инаку, Лука вчера се врати во Мадрид после малку подолга пауза поради Мундијалот, а утре ќе се појави на тренинг.

Ова ќе биде и прилика да разговара со претседателот Перез и наводно да му ја соопшто одлуката. Како што пренесува истиот извор, финансиската понуда го привлекла Модриќ, бидејќи клубот од Милано му понудил 10 милиони евра годишно и договор на четири сезони.

Тоа ќе го направи втор најплатен играч во Серија А после Роналдо.