Македонија би можела да биде домаќин на ЕП во 2022 година

 

Како што пренесува телевизијата 24вести, нашата репрезентација заедно со словенците би можела да биде домаќин на сениорското ракометно првенство во 2022 и 2024 година.

Имено од ракометната федерација на Македонија соопштија дека веќе и официјално е испратена кандидатура до ЕХФ, која би можела да ни додели организациска улога.

Шансите постојат но тоа ќе се знае дури во јуни следната година.