Македонија до 18 години – Колевски го среди Азербејџан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 18 години ја победи репрезентацијата на Азербејџан со 0:1 на првиот пријателски натпревар на гостински терен во Баку.

Бојан Колевски во 75-та минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар, во првото полувреме Трапановски и Фазлагиќ ги имаа најдобрите шанси за погодок, но не реализираа.

Михаил Маневски одлично асистираше во 75-та  минута, остро нафрли во петерецот на Азербејџан, а Бојан Колевски со глава ја смести топката во голот на противникот.