Македонија со медал се врати од Светското Таеквондо ИТФ првенство во Белорусија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  20-27 август 2018 учествуваше на Светското Таеквондо ИТФ  првенство за јуниори и ветерани во Минск-Белорусија.

„Боите на нашата држава ги бранеше , искусниот  ветеран Ацо Јосифоски црн појас IV дан, поранешен светски шампион, освојувач на два бронзени медали на последното Европско првенство кое се одржа во Талин –Естонија  оваа година. Јосифоски  на ова Светско  се натпреваруваше  во две дисциплини , во форми за црн појас IV дан ветерани и борби -64  кг ветерани , при што во конкуренција  на натпреварувачи од околу 70 земји учеснички успеа да освои бронзен медал во форми за црн појас IV дан ветерани. Можеме и да се пофалиме дека ова е најплодната година за Македонското ИТФ Теквондо до сега“- изјави претседателот Марјанчо Лазаревски.

Истотака Македонското ИТФ Теквондо  изразува  огромна благодарност до општина “Охрид” која го спонзорираше ова светско првенство, и се надеваат дека ја оправдаја довербата кај сите што веруваа во нив.