Максимална почит на судија кон Чапекоенсе: „Ќе ја прифатам казната каква и да е!“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Откако Едисон Кавани заработи жолт картон бидејќи по голот го соблече дресот и покажа маица со поддршка на Чапекоенсе, истата судбина не му се случи и на Нејтан.

Тој постигна гол во победата од 3:1 против Зволе, па го соблече дресот да даде поддршка на Чапекоенсе и судијата тоа не го казни.

„Според правилата треба да се казни со картон за соблекување на дресот, но одлучив да не го сторам тоа. Мислам дека сите сфатија за каков настан станува збор и колку на Нејтан му е важно тоа што постигна гол.“, изјави судијата.

Не го загрижува фактот дека на крајот би можел да биде казнет самиот тој.

„Не знам каква е казната предвидена за судиите кои во таков случај не ги почитуваат правилата, но ќе ја прифатам каква и да е.“