Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Жоел Матип ќе отсуствува шест недели од терените поради повреда на клучната коска, соопштено е од клубот.
Тој се повреди на наптреварот против Наполи во кој Ливерпул обезбедија пласман во осмина финалето од ЛШ, а после денешните прегледи е утврдено дека се работи за фрактура на клучните коски.
Клубот наведе дека Матип мора да се оперира.
Тимот на Јирген Клоп моментално е прв на табелата во Премиер лигата со 42 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити.
Ливерпул во наредното коло го очекува големо дерби против Манчестер Јунајтед. Тој меч на програмата е во недела од 17.00 часот на Енфилд.