Малком славеше роденден, а на прославата беа само тројца играчи од Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Малком минатото лето пристигна како засилување во Барселона, но од доаѓањето од Бордо има одиграно само седум натпревари.

Малком беше одличен во првиот меч од полуфиналето во Купот на Кралот против Реал Мадрид кога постигна и гол, но на изненадување на многумина веќе не одигра ниту минута после тој натпревар.

Бразилецот пред неколку дена го прослави својот 22. роденден, а прославата ја приреди за пријатели и само неколку соиграчи. Многумина веднаш забележаа дека немало премногу играчи од Барса, односно само тројца.

Малком го поканил сонародникот Кутињо, Артур Мело и португалскиот играч Нелсон Семедо. Од првите денови со овите тројца е во најдобар однос, а очигледно со остатокот од тимот и не комуницира баш премногу.

Мундо Депортиво објави дека ситуацијата на Малком во клубот отсликува каква е неговата ситуација во тимот, алудирајќи на тоа дека малку соиграчи беа на неговиот роденден.