Манолас до крајот на денот потпишува договор на Островот?!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Грчкиот фудбалер Костас Манолас би можел до крајот на денот да ја напушти Рома.

Според медиумите, Арсенал успеа да се договори со Рома за Манолас кој ќе плати 55 милиони евра за него.

Манолас долго време беше желба и на Челси, но по се изгледа дека Челси ја доби оваа битка.

Манолас наводно до крајот на денот ќе стане фудбалер на Арсенал, но тие ќе го остават на позајмица до крајот на сезоната.

Венгер долго време сакаше да го донесе Манолас затоа што во одбраната има 2 фудбалери кои имаат над 30 години, Кошчелни и Мертесакер.

Манолас во Рома стигна од Олимпијакос во 2014 година за 13 милиони евра, а оваа сезона одигра 18 натпревари.