„Манчестер е мојата куќа, Јувентус беше само одмор“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во Манчестер е моето срце и куќа. Кога заминував секогаш знаев дека ќе се вратам.“

Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Пол Погба периодот од четири години поминат во Јувентус го опиша како краток одмор, а трансферот во Јунајтед бил враќање дома.

Французинот летово стигна во Манчестер за рекорден трансфер од 105 милиони евра без бонуси.

„Во Манчестер е моето срце и куќа. Секогаш знаев дека ќе се вратам. Заминувањето во Јувентус за мене беше како одење на одмор. Сериозно го мислам тоа, ништо не се смени, останав истиот.“

Погба во 2012 година како слободен играч премина од Јунајтед во Јувентус, каде што во целост порасна во фудбалер и стана еден од најдобрите. Со Јувентус освои 4 титули во Серија А, два купа и стигна до финалето во ЛШ кога беше Јувентус поразен од Барселона со 3:1.