„Манчестер? Ми се здосади од исти прашања…“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот играч Гризман во последно време се поврзуваше со Јунајтед.

Тој од доаѓањето во Атлетико Мадрид игра одлично, па стана еден од најдобрите играчи во Европа.

Последните месеци се шпекулира за тоа дека на крајот на сезоната ќе потпише договор со Јунајтед.

Сепак, пречка за Јунајтед претставуваат 100-те милиони евра кои ги бара Атлетико Мадрид.

По се изгледа дека Гризман не сака повеќе да се пресели таму, а најдобро го покажа тоа неговата изјава.

„Секогаш ми поставувате исти прашања за иднината и тоа ми стана напорно. Како што зборував досега, среќен сум во Атлетико. Посебно ми се допаѓа Мадрид затоа што е секогаш добро, моите соиграчи се фантастични и имам чест да работам со неверојатен тренер.“