Манчестер сити откри дали ќе купи ѕвезда на Реал Мадрид

Управата на Манчестер сити наводно ги отфрлила шпекулациите на странските медиуми дека преговара со Реал Мадрид за Иско.

Иднината на Иско во Мадрид уште не е позната, а поради тоа што не добива голема минутажа, Шпанцот би можел наскоро да го промени клубот.

Иско привлече интерес од Јувентус, Арсенал и Челси, но очигледно главната битка ја водеше Манчестер сити.

Сепак, Сити ја отфрлил таа можност бидејќи нема да се засилува во јануари. Тренерот Пеп Гвардиола бил задоволен со моменталниот тим и во лето ќе пазарува нови засилувања.

Иско не влезе во игра во победата на Реал против Бетис, а шанса во натпреварот пред него доби младиот Брахим Дијаз.