Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Момчето има најмала плата во Милан – 100 000 евра.
Милан го лансираше Џанлуиџи Донарума во фудбалското соѕвездие.
Младиот голман стана сензација не само на италијанскиот, веќе и на светскиот фудбал.
Со само 17 години веќе е меѓу најдобрите чувари на мрежата во Европа, а планот на Милан е да го направи клупска икона како Паоло Малдини и да го задржи во клубот до крајот на кариерата.
Тоа значи дека на останатите голмани во Милан не им се насмевнува убава иднина. Еден од нив е Алесандро Плицари, моментално трет голман на Росонерите. Тој е уште помлад од Донарума и има само 16 години.
Истотака е голем талент и за него знаат скаутите во сите големи клубови. Дури и Берлускони зборуваше за него.
„Покрај Донарума, имаме уште еден одличен, млад голман“, рече неодамна Силвио Берлускони мислејќи на Плицари.
Овој тинејџер има стипендиски договор со Милан до 2018 година и најмала плата во екипата – 100 000 евра годишно.
Има само 16 години, Плицари брани за младиот тим во конкуренција на три години постари играчи.
Му предвидуваат светла иднина, а ситуацијата пробуваше да ја искористи Манчестер Сити.
Според екслузивните сознанија на Газета дело Спорт,
Манчестер Сити понудил на Милан 2 милиони евра за Плицари.
Росонерите лесно тоа го одбија. Но тоа не значи дека ќе го задржат Плицари. Милан во овие денови работи на доведување на искусниот Марко Сторари од Каљари. Поточно, негово враќање со оглед дека веќе беше нивен член.
Во прашање е трампа со Каљари во која бразилскиот голмнан Габриел ќе биде заменет за Сторари на Сардинија.
Милан го сака Сторари како поддршка на Донарума и со цел младиот голман да учи од искусниот чувар на мрежата на тренинзи.
Тоа значи дека Плицари не е виден како втор голман, но може да оди некаде на позајмица каде што ќе му дигне цената.
Милан така може во иднина да заработи на Плицари многу повеќе од овие 2 милиони евра колку што понуди Сити.
Погледнете како брани новото чудо од дете на Милан…