Манчестер Сити прв фаворит за услугите на фудбалерот на Реал Мадрид

„Дон Балон“ пренесува дека од таборот на Манчестер Сити се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Манчестер Сити, Иско.

Медиумот пренесува дека Сити е фаворит во трката за потписот, а „Граѓаните“ биле подготвени да платат 75 милиони евра за неговите услуги.

Гвардиола е во потрага по долгорочна замена за Давид Силва и го посочил Иско како најадекватно решение.

Иско, пак, е во лоши односи со Сантијаго Солари и речиси сигурно ќе си замине од клубот во текот на летниот преоден рок.