Манчестер Сити ја добива битката за фудбалерот на Ајакс

Манчестер Сити веројатно ќе ја добие битката за фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг.

За 21 годишниот фудбалер од средниот ред има сериозен интерес од половина Европа, а како најзагреани тимови освен Сити се споменуваат Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул.

Сепак, медиумите во Англија пренесуваат дека холандскиот интернационалец е пред трансфер во Сити кој ќе биде вреден 50 милиони фунти.